Наумовски: Имаме позитива, но ништо не е готово

216

Тимот на Шкупи одработи екстра меч против претставникот на Гибралтар, тимот на Линколн во рамките од првиот дуел од прелиминарната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите. Победи на домашен терен со 3:0, и сега заминува на Гибралтар по потврда на пласманот во следната фаза.

Ситуацијата е победничка, но не смее да се остави ништо на случајот. Мора да се одигра максимално ангажирано и да се одработи и тој меч на Гибалтар.

„Токму така. Имаме позитива од првиот меч, тоа е супер, одигравме одлично. Сепак, далеку од тоа дека работата е завршена, имаме уште деведесет минути против Линколн. Играме на вештачка трева, тоа секогаш е специфична ситуација, но мислам дека ќе се исправиме пред предизвикот и ќе се пласираме во следната фаза“ – изјави Кристијан Наумовски.

 

ПретходноЈокиќ потпиша за 270 милиони долари, па се направи „камен“(ВИДЕО)
СледноФил Фоден добива нов договор вреден 200.000 фунти неделно