Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ова лето ќе има обврски. Двајцата ќе ја делат правдата на Африканското првенство кое стартува утре и ќе заврши на 18 јули, а домаќин е Египет.
Овој шампионат ќе се игра во Каиро, а најголем фаворит е репрезентација предводена од Роберто Гарсија Парондо, која е домаќин на истиот. 13 селекции ќе бидат поделени во четири групи, првите пет земји ќе обезбедат место на Светското првенство 2023 година кое ќе се одржи во Полска и Шведска.
Најдобрата македонска судиска двојка веќе има исуство со вакви натпреварувања.