Отпадна турнирот, кошаркарите нема да патуваат за Литванија!

420

Македонската кошаркарска репрезентација ова лето одново ќе биде на сцена. Селекторот Драган Бајиќ и неговите избраници ќе се подготвуваат за претквалификациите за ЕП 2025 година.

Како вовед на овие дуели, нашиот најдобар национален тим требаше да гостува во Литванија на турнир на почетокот на месец август (од 8-12 август). Но, работите се променија, овие контроли отпаѓаат, кошаркарите ќе се подготвуваат само за претквалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Прв противник на тешкиот пат кој носи на европската карта е Словачка, останатите двајца ќе бидат познати на 14. овој месец за кого е закажана ждрепката. Првиот прозорец од овие претквалификации е предвидено да се игра од 22-29 август.

ПретходноКостадинов ја запроси својата Моника на концерт на „Coldplay“ (ВИДЕО)
СледноПартизан носи засилување од Барселона со НБА-искуство!