“Пандевци“ би можеле службено во 2.квалификациско коло во ЛК!?

6644

И покрај поразот од 1:4 на првиот меч во Гдањск од Лехија во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, и покрај фактот дека треба да се одигра и реваншот во Скопје, сепак „Пандевци“ би можеле службено да одат во втората рунда. На ова предупредуваат медиумите во Полска откако УЕФА се огласи и официјално информираше дека покренала постапка против Лехија за сите случувања со нередите на домашните фанови на тој меч од четвртокот.

По меѓусебната тепачка на фановите на трибините, мечот беше во прекин околу неполн час, па според тамошните медиуми пишуваат дека сега се зависи од УЕФА. Казната би можела да биде, ако ја има, од парична па се до исфрлање од европските натпревари во Лигата на Конференции.

Сепак се смета дека најреално ќе биде Лехија да биде казнета да игра во наредните мечеви пред празни трибини.

Сепак да почекаме на одлуката на Дисциплинската комисија на УЕФА.

Којзнае, можеби Академија Пандев сепак ќе игра двомеч со Рапид Виена во 2.квалификациско коло во ЛК, ни крива ни должна што се вели народски.

ПретходноЛеклер го победи Верстапен на неговиот „Ред Бул Ринг“
СледноДраматично: Како Саинц се спасуваше од запалениот болид на Ферари! (ВИДЕО)