Пријателска: Брегалница и Работнички одиграа без голови

376

Попладнево во Штип, во пријателски натпревар прволигашите Брегалница и Работнички одиграа 0:0. Тоа беше интересен меч, во кој домашните како да ја имаа повеќе иницијативата, имаа и голема шанса за победа преку Мојсов, но голманот на гостите Игор Алексовски фантастично одбрани.

Ова за штипските “сини“ беше втора контрола а за Работнички прва во текот на овие летни подготовки. И двајцата стратези, Илчо Ѓорѓиоски и Љупчо Марковски – Калц, им дадоа шанса на повеќе свои фудбалери со цел да покажат што знаат во оваа фаза од подготовките.

ПретходноЕмоции: Солзите на Новак и пехарот на Вимблдон! (ФОТО + ВИДЕО)
Следно„Лавовите“ на контролата во Банско одиграа 1:1 со Политехника Јаши!