Супер – Новак: Едноставно најдобар!

193

Седми триумф на Новак Ѓоковиќ во своето осмо финале на Вимблдон по точно три часа битка со Ник Кирјос. Победа од 3:1 за голема, голема радост за Србинот. За многу емоции, за малку повторно да ја вкуси тревата на Вимблдон и тоа по седмипат.

Image

Сега се израмни со Пит Сампрас, а пред него е само Роџер Федерер со осум. Сега Новак има 21 гренслем титули, го остави Роџер на 20, но уште е Надал пред него со 22. Сепак има време Србинот да го стигне и Рафа.

Новак по четвртипат победи на Вимблдон, веќе пет години тој доминира на најсилниот турнир во светот, познато е дека во 2020 не се играше поради Ковид-19.

Апсолутно најдобар, едноставно најдобар, супер Новак за уште една голема, голема и фантастична победа.

Браво за Ноле…

ПретходноНоле е КРАЛОТ на ВИМБЛДОН…никој ништо не му може!
СледноЕмоции: Солзите на Новак и пехарот на Вимблдон! (ФОТО + ВИДЕО)