Рахим Стерлинг наскоро би требало да ги помине лекарските прегледи за да може да му се приклучи на својот нов тим Челзи, кој во моментов е на турнеја во САД. Од стартот на летниот преоден рок се зборуваше за трансферот на 27-годишниот репрезентативец од Сити во редовите на „сините“.
Сега остана само формалниот дел, а според информациите овој трансфер е вреден 56 милиони евра.
Стерлинг треба да потпише петгодишен договор со можност за продолжување на истиот на уште една година. За овој фудбалер, Челзи ќе биде трет тим во неговата професионална кариера после Ливерпул и Сити. Во дресот на „сините“ оствари 225 настапи, а постигна 91 погодок.
Викендов фудбалерите на Челзи отпатуваа во САД на летна турнеја, а наскоро би требало да им се придружи и Стерлинг. Челзи ќе одигра три пријателски натпревари на американско тло. Против мексиканскиот клуб Америка на 17. јули во Лас Вегас. Потоа на 21. јули гостува кај локалниот прволигаш Шарлот, додека во Орландо на 23. јули ќе одигра пријателски натпревар против конкурентот од Премиер-лигата Арсенал.