Емил Павлов со три порази на 11. Светските Игри во САД

152

Македонскиот каратист Емил Павлов не успеа да се вмеша во битката за медали на Светските игри во Бирмингем, САД.

Павлов кој е единствен наш преставник на Игрите, во рамките на групната фаза забележа три порази. Во првата рунда од групата „Б“, Павлов беше поразен од Бразилецот Винициус Фигуеира, а потоа претрпе порази и во следните две кола од Ксенос Дионисиос (Грција) и од Соичиро Нкано (Јапонија).

Павлов за настап на овие 11. Светски Игри се квалификуваше со освоеното второ место на последното Светско првенство. Инаку самите Светските игри се меѓународен мултиспортски настан, кој опфаќа спортови и спортски дисциплини кои не се дел од програмата на Летните олимписките игри.

ПретходноФото на денот: Ѓоковиќ, Ѓоковиќ…по седми пат со пехарот на Вимблдон!
СледноПромоција: Алити ја засили одбраната на Воска Спорт!