Манчестер Ј. почна да се распрашува за Паредес

173

Манчестер Ј. сериозно е заинтересиран за Леандро Паредес, кој имаше просечна сезона во ПСЖ, пред се поради честите проблеми со повредите.

Француски „Л’Екип“ пишува дека англискиот гигант минатава недела имал разговори со преставници на ПСЖ за Паредес, а Французите одговориле со цена од 35 милиони евра, можат да почнат преговори за негова продажба.

Според францускиот весник, цената малку го одвратила Јунајтед од намерите да го купи Паредес, па сега не е сигурно дали ќе испратат прва понуда за 28-годишниот играч за врска.

Паредес е во ПСЖ од јануари 2019 година и најверојатно нема да биде дел од плановите на новиот тренер Галтие следната сезона.

ПретходноРускиот коректор Александер Злобин потпиша нов договор со Струмица Н.
СледноТенисерките загубија од Португалија и останаа во третата зона на „Били Џин Кинг“ купот