Новак Ѓоковиќ е КРАЛОТ на Вимблдон. Попладнево на неофицијалното светско првенство Србинот со 3:1 во сетови успеа да го победи Ник Кирјос и да дојде до својата седма титула на најпрестижниот турнир во светот во своето осмо финале.
Одлично, супер финале. Новак одигра добро, квалитетно, можеби не спектакуларно, но сепак доволно за блекав триумф. Додека ова беше една од најдобрите партии на Кирјос, но недоволно за победа, негова прва во едно гренслем финале.
Првиот сет го одбележаа фантастичните сервиси на Кирјос, кога тој беше на сервис како да немаше игра. Новак никако не успеваше да го “прочита“. Па така со двојна грешка му овозможи брејк на противникот и тоа беше доволно за сетот да го добие Кирјос со 6:4.
Во вториот сет работите се променија. Србинот сега беше далеку поконцентриран, знаеше што треба во вистински момент. Имаше водство од 4:1 и 5:3, па така на крајот успеа да го добие со 6:3. Ова беше некој друг Новак за разлика од првиот сет. Кога има игра, е тоа е нешто друго. Тука Кирјос немаше никакви шанси.
Во третиот сет игра на нерви се водеше. Се играше гем за гем, дури во финишот Новак успеа да дојде до 5:4, потоа рутински го доби својот сервис за 6:4 во третиот сет и за водство од 2:1.
Голема борба се водеше. Кирјос постојано провоцираше, се некој друг му беше виновен. Дури имаше забелешки за една жена во гледалиштето, реагираше кај судијата, но тоа е Кирјос. Провокатор од прва класа.
Новак како тоа да не го гледаше, вистински професионалец, ништо не можеше да го извади од колосек.
Во четвртиот сет се играше гем за гем. Кирјос успеа малку да се смири и тоа делуваше врз неговата игра. Повторно успеваше да му пружи силен отпор на големиот фаворит.
И така беше се до 4:4, и двајцата беа сигурни во своите сервиси. Кирјос дојде и до 5:4 во гемови во овој супер интересен и израмнет сет. Сепак Ноле одговори со добар сервис и резултатот беше 5:5, но повторно Австралиецот имаше водство од 6:5. Новак почна да го фаќа нервоза, грешките се редеа.
Овој сет отиде во тајбрејк а таму славеше Новак за конечни 3:1 во сетови.