Нотингем со петто засилување – дојде од Баерн Минхен

403

Повратникот во Премиер лигата Нотингем Форест го претстави петтиот нов фудбалер ова лето. Нов член на поранешниот европски првак е левиот бек Омар Ричардс кој дојде од редовите на Баерн Минхен.
Ричардс е дете на Рединг, а во Баерн отиде во јули 2021 година. Во една сезона за Баерн одигра 12 натпревари во Бундес лигата.
Нотингем за него плати 8,5 милиони евра и ќе доплати уште 1,5 милиони во форма на бонуси. Ставен е потпис на четиригодишен договор.
Ричардс е Англичанец со корени од Јамајка, а досега има играно само за младата репрезентација на Англија.
Нотингем претходно ги донесе голманот Дин Хендерсон, потоа плати по 10 милиони евра за десниот бек Жилиен Бјанконе од Троја и за централниот бек Муса Ниакате од Мајнц додека речиси 21 милион евра плати за напаѓачот Таиво Авонији од Унион Берлин.

ПретходноТФТ го ангажираше американскиот плејмејкер Доналдсон
СледноЕкс-играч на Динамо Киев загина во војната во Украина