Тенисерките загубија од Португалија и останаа во третата зона на „Били Џин Кинг“ купот

129

Женската тениска репрезентација на Македонија не успеа да се избори за промоција во Групата 2 од „Били Џин Кинг“ купот, откако во финалниот меч од Третата евро-африканска заона, денеска во Скопје на терените на ТК „Југ“ бевме поразени од Португалија со 2:1 во партии.

Португалките поведоа со 1:0 откако Матилга Жорге ја совлада Стоилковска со 2:0 (7:6, 6:3), за во вториот сингл меч, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа да израмни на 1:1 во партии победувајќи ја во два сета (6:1, 6:1), Франциска Жорге.

Решавачкиот меч во игра на двојки донесе неизвесна битка до самиот крај, а Португалките беа посмирени во одлучувачките моменти на третиот сет и победија со 2:1 (6:4, 4:6, 6:4).

ПретходноМанчестер Ј. почна да се распрашува за Паредес
СледноКлоп: Пристигнавме да одиграме против Јунајтед, но и да уживаме (ВИДЕО)