Американскиот плејмејкер Донован Доналдсон потпиша едногодишен договор со екипата на освојувачот на Купот на Македонија, ТФТ. Инаку Доналдсон доаѓа од унгарскиот ЈКСЕ, а претходно има искуство во македонската лига, со тоа што настапуваше за екипата на Гостивар во сезоната 2019/20 која беше прекината поради коронавирусот.
Инаку Доналдсон е вкупно петто засилување за ТФТ, а пред него во Тафталиџе дојдоа Американците Џасински и Батрик, како и домашните кошаркари Дамјан Крстевски и Борјан Стојановски.