Одличните игри на Фил Фоден, англискиот репрезентативец во дресот на Манчестер Сити, направија менаџментот на овој клуб, да му понуди нов долгорочен договор на офанзивецот со трикратно поголема плата отколку досега.
Па така, Фоден кој со клубот на оваа тема веќе имал вербален договор ќе заработува 200.000 фунти неделно со новиот дил, и кој ќе го обврзе да биде дел од Сити минимум до 2027.
Сити веќе се раздели со Габриел Жезус кој замина во Арсенал, како и Рахим Стерлинг кој се пресели во Челзи, а секако го доведе Ерлинг Халанд.
Phil Foden to have his Man City wages TRIPLED to bump England star’s wages up to £200k-per-week https://t.co/UwvMmKdybE
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) July 10, 2022