Навивачи се пукаа со пиштоли пред стадион, загина 18-годишно момче

653

Тепачки, мавање со камења, престрелки со пиштоли, ранети но и починато лице е билансот од пресметката меѓу навивачки групи во Аргентина.

Фудбалскиот натпревар меѓу Лухан и Алем (Четврта по ранг лига во Аргентина) беше прекинат по само 15 минути игра во првото полувреме откако се слушна топовски удар во близина на трибината. Судијата ги испрати фудбалерите во соблекувалната и го прекина мечот. Од трибините немирите се префрлија пред стадионот „Мунисипал Лухан“ во предградитето на Буенос Аирес каде што дел од двете навивачки групи веќе почнале да се пресметуваат меѓу себе.

Двете разулавени групи прво со камења, палки и други предмети се пресметале, по што ситуацијата излегла од контрола и почнале да се пукаат со пиштоли. 15 лица биле повредени во немирите од кои седум лица имале прострелни рани и биле испратени во болница, а едно 18-годишно момче загинало откако било застрелано во градите.
Полицијата реагирала на местото со гумени куршуми и солзавец, но предоцна.

ПретходноБарселона го продаде Тринкао во Спортинг Лисабон
СледноОзил „раскина“ со Фенербахче – ќе го батали фудбалот и ќе стане гејмер