Тренерот на Новак искрено: Ова беше ПО**АНА година за сите нас! (ВИДЕО)

420

Новак Ѓоковиќ ја продолжи својата победничка низа на Вимблдон. Вчера во своето осмо финале успеа да дојде до семиот трофеј на најпрестижниот тениски турнир во светот. Совлада беше Ник Кирјос со 3:1 за големо славје и еуфорија кај него и неговте фанови, но и во неговиот тим.

Па така Горан Иванишевиќ, поранешниот освојувач на Вимблдон, а сега тренер на Новак, искрено и со многу емоции истакна…

Да, ова е по**ана година за сите нас, секако прво за Новак а потоа и за сите нас во неговиот тим. Само да се потсетиме што се случуваше во Австралија на почетокот на годината. Потоа загуби на Ролан Гарос, па сета таа лудница со рејтинг поените, потоа за тоа дали може на овој или оној турнир да игра. Се се тоа големи стресови. Погледнете ме како изгледам. Но не се жалам, голема чест е да бидеш во тимот на најдобриот тенисер. Морате да се носите со притисокот“ посочи Хрватот кој во последните три години откако е со Новак имаат супер соработка.

Image

ПретходноИлиевски и Стојановска победници на првата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање
СледноИграчите на Тотенхем не можат да го издржат темпото на Конте на тренинзите!