Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години го запиша првиот пораз на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје. По убедливата победа над Косово, избраничките на Јелена Антиќ не успеаја да продолжат во ист ритам против Хрватска. Во второто коло беа совладани со убедливи 46-64, паднаа во второто полувреме.
Антиќ се соочи со играчки проблеми, најдобрата од претходната средба Николиќ се поведи и не се врати на теренот, истото се случи со Цветковска и Тасевска.
Нашите кошаркарки добро го отворија мечот, во првата четвртина ја имаа контролата на резултатот до пред самиот крај, поведоа со 5-2 и 9-4, но противникот со серија од 2-7 изедначи на 11-11. Веќе во следниот период хрватските кошаркарки со нова серија од 9-0 поведоа со 14-20, а нешто подоцна и со плус десет (16-26). На одморот негативата беше 26-28.
Во следните две четвртини нападот целосно „заспа“, па нашите девојки постигнаа 20 поени, а примија 36 поени. Не успеаја да се вратат во игра.
Селцова беше стрелец на 10 поени, додека Димитријевиќ запиша 12 поени.
Шанса за поправен ќе имаат утре против Црна Гора, која има две победи во исто толку одиграни меча.