Барселона го продаде Тринкао во Спортинг Лисабон

278

Португалскиот крилен фудбалер Франциско Тринкао не се снајде во Барселона, па ќе ја менува средината, поточно ќе се врати во татковината и ќе потпише за Спортинг од Лисабон. 22-годишниот фудбалер направи трансфер на „Ноу Камп“ во 2020 година од Брага, тогаш Барса плати неверојатни 31 милион евра и го врза со петгодишен договор. Но младиот фудбалер не воодушеви на „Ноу Камп“ како што се очекуваше, па минатата сезона беше испратен на позајмица во Вулверхемптон. Англискиот клуб не се обиде да го откупи неговиот договор, па тој се врати во Барселона.

А клубот кој работи на финансиска реконструкција сака да се ослободи од непотребните играчи и да направи простор за нови фудбалери но и да обезбеди финансии за нив. Па така Тринкао најверојатно ќе се врати во Спортинг.

Неофицијално, лисабонскиот клуб за негова позајмица ќе плати 10 милиони евра и тоа 3 милиони евра веднаш, а уште 7 милиони до крајот на сезоната. Потоа ќе има обврска да го откупи неговиот договор со тоа што ќе доплати уште 10 милиони евра, а тогаш Барса ќе има право да го врати назад и тоа за 15 милиони евра во јули 2023 година, 17,5 милиони евра во јули 2024 година и 20 милиони евра ако сака да го донесе во јули 2025 година.

 

ПретходноБеласица се пофали со првото засилување – Андреј Симевски
СледноНавивачи се пукаа со пиштоли пред стадион, загина 18-годишно момче