Бугарите се невидени плачковци и ја обвинуваат УЕФА дека и прави услуга на Македонија ЃП!!!

2700

 

Се нешто им пречи. Каков народ е тоа, каква држава е тоа? Ај што ни го загорчуваат животот и бараат нешто што секако дека нема да го добијат од Македонците, сега им пречи и тоа каде ќе играла нивната ЦСКА Софија. Да потсетиме дека на 21 јули треба да се одигра првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Македонија ЃП за тој меч го пријави теренот на ФФМ.Ова не е ни прв ни последен пат. Па тука како домаќини во Европа играа и Работнички, Ренова, потоа Силекс лани, а ќе игра и А. Пандев со Лехија в четврток, но на тамошната фудбалска јавност тоа им пречи.

И се служат со лаги, пишуваат и кажуваат невидени глупости.

Како прво поради ситуацијата во Македонија, во Скопје со протестите, сакаат да се игра во Ниш. Замислете…

Потоа не сакаат нивната ЦСКА Софија да игра на ФФМ, демек ова, па тоа…

Плачат дека им се обезбедени само 60 билети, а толку им следува според прописите на УЕФА.

А таму играа едни Хајдук и Вашаш. Колку да знаат.

Дури и предлагаат да се игра во Тетово или Струмица. И на крај како врв на се ова, тие се осмелуваат да ја критикуваат УЕФА демек таа правела компромис и дека и прави услуга на Македонија ЃП,а дека „лавовите“ ја излажале УЕФА со тоа дека можеле да играат само на ФФМ.

Па ако е така зошто тогаш Шкендија игра во Скопје а не во Тетово? Зошто тогаш А. Пандев ќе игра на ФФМ против Лехија а не во Струмица?

Ама на ПЛАЧКО не можеш да му објасниш.

Ништо, лекот е само “лавовите“ да ја ТРЕСНАТ таа ЦСКА Софија. Барем да имаат причина навистина зошто да плачат.

ПретходноДани Алвес: На Барселона не и е гајле за луѓето кои ја испишаа нејзината историја
СледноУбедлив пораз од Хрватска, кошаркарките имаа сили за едно полувреме!