Воска Спорт го претстави Енсар Љума!

569

Енсар Љума (22) и официјално е нов член на второлигашот Воска Спорт. Охриѓани вечерва го промовираа можеби најголемо засилување во своите редови.

Љума е дете на Шкендија, минатата сезона како позајмен играч го предводеше нападот на Борец и на 27 мечеви постигна три гола и беше веројатно најдобриот поединец во тој тим.Има играно во ПМФЛ во дресот на Шкендија, а дел од кариерата ја мина и во Дрита Боговиње.

May be an image of 1 person

Инаку тој со Воска Спорт потпиша едногодишен договор.

ПретходноОфицијално: Јовица Трајчев претседател на Детонит Плачковица, Горан Здравков тренер!
СледноИлјадници фанови излегоа да му се поклонат на Ѓоковиќ (ВИДЕО)