Експедицијата на Шкупи пристигна во Малага, уште малку пат и ете го Гибралтар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

422

Експедицијата на Шкупи пристигна во Малага, во еден од најубавите шпански градови. На чаирчани им останува уште малку пат и конечно да пристигнат на Гибралтар, каде утре се среќаваат во реванш дуелот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампипните против Линколн.

Уверени во своите квалитети, во предноста од првиот меч од три голови разлика, фудбалерите и стручниот штаб на чело со Гоце Седлоски, сепак не сметаат дека ќе биде лесно и дека ова патување ќе биде само излет. За двомеч со Динамо Загреб од втората квалификациска рунда остануваат уште 90.минути.

Се очекува чаирчани вечерва да го одработат и тренингот, оној вообичаениот на “Викторија стадионот“ пред утрешниот меч кој започнува во 18 часот.

May be an image of 1 person and standing

May be an image of 1 person and standing

May be an image of 2 people and people standing

May be an image of 1 person, standing and outdoors

ПретходноСевилја се пофали со Маркао! (ВИДЕО)
СледноИлиевски и Стојановска победници на првата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање