Илиевски и Стојановска победници на првата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање

174

Се одржа првата од четирите трки од Македонскиот куп во далечинско пливање. Првата трка се одржа на езерото Преспа во должина од 2,5 километри, а е во организација на ПК Акваспирит од Охрид.

Па така во машка конкуренција победник е Александар Илиевски од ПК Нептун со време од 28:35 минути, а второто и третото место го заземаа неговите клупски колеги Андреј Стојановски и Михаил Велков.

Во женска конкуренција најдобро време имаше Калина Стојановска исто така од ПК Нептун со време од 34:17 минути, а второто место го освои нејзината клупска колешка Софија Стефановска нешто повеќе од две минути заостанување. Трета на пиедесталот е Ангела Смилевска од ПВК Орион.

Следната трка од Купот ќе се одржи на 24 јули во Крушево, третата и четвртата трка ќе се одржав во август во Охрид (Охридско езеро) и во Велес (Велешко езеро).

ПретходноЕкспедицијата на Шкупи пристигна во Малага, уште малку пат и ете го Гибралтар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТренерот на Новак искрено: Ова беше ПО**АНА година за сите нас! (ВИДЕО)