Илјадници фанови излегоа да му се поклонат на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

239

Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, откако го освои Вимблдон. Очекувано, српскиот тенисер беше пречекан од илјадници фанови пред платото пред Стариот двор.

„Ти благодарам Белград, ти благодарам Србијо што вечерва сте тука. Ве сакам. Ова се најубавите моменти во мојот живот, најголемиот благослов, да ги прославам најголемите успеси со вас. За вакви момент вреди да се живее, да се игра професионален тенис. Трофеите се едно, но овој момент засекогаш ќе го носам во моето срце.

Тој, српски инает е причината што се наоѓам тука. Секогаш има светло на крајот на тунелот, вие сте тоа светло“, рече Ноле.

фото: tanjug.rs

ПретходноВоска Спорт го претстави Енсар Љума!
СледноЛацио се спречка со Клуб Бриж – се закани дека ќе ги пријави до ФИФА