Кадетките завршија на 6. место на Балканското првенство во Србија

111

Mакедонската кадетска одбојкарска репрезентација во женска конкуренција настапот на Балканското првенство во Врање, Србија го заврши на 6. место.

Во последниот настап на турнирот во борбата за пласман на 5. место, нашите млади одбојкарски надежи загубија од селекцијата на БиХ со максимални 3:0 (25:19, 25:14, 25:19). Босанките беа релано поквалитетен противник на оваа средба и не ни оставија премногу простор за надеж. На овој меч во дресот на нашата репрезентација најдобри реализатори беа Трпеновска со 10 поени и Џонлага која имаше 6.

Нов балкански првак до 17 години стана селекцијата на Србија која во финалето со 3:1 ја совлада Бугарија. Бронзена е Турција која во малото финале со 3:0 беше подобра од Романија.

ПретходноБарселона го договори трансферот на Рафиња
СледноМурињо повторно напаѓа: Вилфред Заха се поблиску до трансфер во Рома?