Кога не внимава што зборува: Халанд ЛАЖГОТО… (ВИДЕО)

1476

Ерлинг Халанд како мега – ѕвезда дојде во Манчестер Сити ова лето и секако дека ќе биде еден од адутите на Пеп Гвардиола конечно овој тим да дојде до пехарот во Лигата на Шампионите. Сити даде многу пари за него, но деновиве Норвежанецот се посрамоти, испадна голем лажго.

И така е тоа во овие модерни времиња кога не внимаваш што зборуваш.

Имено на прашањето од фановите на Манчестер Сити, кој му бил најголем идол во фудбалска смисла, Халанд долго време се присетуваше, за да конечно каже Серхио Агуеро, иконата на Сити.

Се чини дека во последен момент му текна, инаку ќе беше голем срам, и „поентираше“ со тоа дека има голема колекција на дресови на Агуеро.

Сепак фановите на Сити со специјално видео го потсетија својот миленик што зборувал тој пред две години, за тоа кој му биле идоли. Тогаш не криеше дека тоа му се Роналдо и Ибрахимовиќ. Секако дека малку незгодно е сега да кажуваш дека идоли ти се иконата на Јунајтед и некогашната голема ѕвезда на лутиот градски ривал, па мораш да истакнеш дека тоа ти е Агуеро.

Па така по се ова медиумите на Островот го нарекоа – Халанд лажгото…

ПретходноКристијано Роналдо и сагата околу него
СледноСевилја се пофали со Маркао! (ВИДЕО)