Лацио се спречка со Клуб Бриж и тоа поради косовскиот репрезентативец Ведад Муриќи. Напаѓачот требало да направи трансфер од Лацио во Бриж откако двете страни се договориле за сума од 11 милиони евра што би бил рекорд за белгискиот клуб. Меѓутоа работата пропаднала откако Бриж објавиле дека 28-годишниот фудбалер не ги поминал медицинските прегледи.
Од Лацио веднаш му направиле нови тестови и се било во ред сугерирајќи дека неговата физичка кондиција изгледа не била причина што Бриж ја сменил трансферната стратегија.
Белгијците им кажале на Лацио дека би го земале Муриќи на позајмица, со можност потоа да го откупат договорот на што римјаните не се согласиле.
Муриќи ќе се врати во Бриж, а од Лацио велат дека доколку белгискиот клуб дава отпор може да биде пријавен во ФИФА.
Just In#Muriqi transfer to Club Brugge is OFF.
It’s not for medical reasons. Player was fit and ready. Brugge on last minute changed their mind and decided to withdraw.— Arlind Sadiku (@arlindsadiku89) July 8, 2022