Европската ракометна федерација потврди дека 59 екипи во претстојната сезона ќе се натпреваруваат во Европскиот куп за жени.
Од Македонија тоа ќе бидат екипите на ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Куманово, ЖРК Металург и ЖРК Чаир.
Ждрепката е закажана за 19 јули по што нашите претставници ќе ги добијат своите ривали. Интересно е тоа што ЖРК Ѓорче Петров ќе биде носител на ждрепката па можно е да дојде и до македонски дуел во 2.коло во ова натпреварување. Натпреварите во оваа фаза се на програмата во октомври.