Од ден на ден се повеќе се зголемува веројатноста ѕвездата на Кристал Палас Вилфрид Заха да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А.
Влијателни новинари од Италија веќе пишуваат дека 29-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска е во постојан контакт со менаџерот на Рома, Жозе Мурињо, кој прави се за да го доведе во Рим како замена за Хенрих Мхитарјан, кој замина во Интер.
Договорот на Заха со Англичаните истекува за една година, што ја прави неговата вредност на трансфер пазарот значително помала.
Мурињо и спортскиот директор Тиаго Пинто имале неколку контакти со агентот на агентот на Заха на кому му предочиле дека наскоро ќе испратат и официјална понуда за него. Сепак, пред да се случи тоа, Рома ќе мора да продаде еден од нивните сегашни напаѓачи како Карлес Перез или Стефан Ел Шарави.