Нотингем се пофали со шестиот нов играч – си купи десен бек од Ливерпул

507

Повратникот во англиската Премиер лига Нотингем Форест не сака да одигра епизодна улога во новата сезона туку сака да биде фактор во најсилното англиско друштво. А така и треба со оглед на тоа дека се работи за култен англиски клуб и поранешен европски шампион.

„Шумарите“ се пофалија со шестиот нов фудбалер во своите редови. Десниот бек Неко Вилијамс дојде од редовите на Ливерпул. Клубот од „Сити граунд“ за овој 21-годишен велшки репрезентативец плати 20 милиони евра.

Вилијамс минатата полусезона играше за Фулам како позајмен, а за Велс има 21 настап од дебито во 2020 година.

Нотингем претходно ги донесе левиот бек Омар Ричардс од Баерн Минхен, голманот Дин Хендерсон, потоа плати по 10 милиони евра за десниот бек Жилиен Бјанконе од Троја и за централниот бек Муса Ниакате од Мајнц додека речиси 21 милион евра плати за напаѓачот Таиво Авонији од Унион Берлин.

ПретходноБихорац ја засили одбраната на Силекс
СледноПропадна трансферот на Умтити во Рен – фудбалерот бил во лоша физичка кондиција