Пропадна трансферот на Умтити во Рен – фудбалерот бил во лоша физичка кондиција

277

Барселона се израдува што конечно најде клуб во кој ќе го прави Самуел Умтити но работата се изјалови затоа што францускиот клуб се повлече од идејата да го ангажира одбранбениот фудбалер. Умтити требаше да му се приклучи на Рен како позајмен фудбалер, но францускиот клуб ги прекина преговорите во последен момент.

Причината за тоа е што Умтити имал катастрофални резултати на лекарските прегледи, поточно фудбалерот бил во ептен лоша физичка кондиција. Францускиот клуб се свртел кон ангажман на бразилскиот бек Морато од Бенфика.
А францускиот интернационалец се враќа на „Ноу Камп“, а Барса ќе бара нов клуб за него.

Умтити дојде во Барселона од Лион во 2016 година. Првите две сезони беше солиден, но потоа почна неговиот пад. Се почесто беше на клупата, а ако предминатата сезона одигра 13 натпревари во Ла Лига, минатата само еден меч во првенството.

ПретходноНотингем се пофали со шестиот нов играч – си купи десен бек од Ливерпул
СледноБеласица се пофали со првото засилување – Андреј Симевски