Од денеска и официјално ново име во редовите на Севилја, на еден од најдобрите клубови во шпанската Ла Лига, е Маркао. Бразилски стопер кој за 12 милиони евра плус 3 милиони бонуси и 10% од наредниот трансфер, дојде од Галатасарај. И тој е третиот најскап дефанзивец кој некогаш потпишал за тимот од покраината Андалузија.
Сега стратегот Лопетеги ќе има уште посилна одбрана, ако се знае дека Севилја во минатата сезона прими најмалку голови во Ла Лига.
Presenting: Marcão! 🇧🇷 pic.twitter.com/rTqNtWbYUF
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) July 11, 2022