Сопругата на Ѓоковиќ со жестока реакција за Ноле и вакцината против Ковид-19!

708

Доколку не се промени ништо во однос на правилата за настап на УС Опен за Новак Ѓоковиќ, Вимблдон ќе биде последен гренд слем тунир за оваа сезона. Српскиот тенисер го освои Лондон по седми пат во својата кариера и дојде до 21 трофеј.

Американскиот тениски новинар Бен Ротенберг на Твитер напиша дека доколку нема промени, Ѓоковиќ нема да може да игра на УС Опен, потенцирајќи дека е антиваксер.

„За влез во САД странците мора да бидат вакцинирани, а Ѓоковиќ цврсто ја икслучи можноста за вакцинирање, тој се етаблира како антиваксер“, пиша новинарот.

Оваа негова констатација ја налути сопругата на Ноле која жестоко одговори: „Извините, само сакам да знам дали вие го означивте како антиваксер од причина за . Тој (Ѓоковиќ) само одговори каков е изборот на неговото тело“, изјави сопругата на еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Дискусијата продолжи помеѓу двајцата, со тоа што Јелена не штедеше зборови за изборот околу вакцинацијата за Ковид-19.

 

ПретходноУбави вести од Џепчиште: Ренова ќе игра во ПМФЛ, сериозен инвеститор влегува во клубот!
СледноОфицијално: Јовица Трајчев претседател на Детонит Плачковица, Горан Здравков тренер!