Како што дознава Спортмедиа, се чини дека големи се шансите Ренова сепак да почне да игра во ПМФЛ. Секако дека тоа се добри вести за сите во таборот на “гипсарите“ ако се знае дека до пред некој ден ситуацијата во најмала рака беше очајна.
Имено како што велат нашите информации, сериозен инвеститор влегува во Ренова. Јасно е дека компанијата “Ренова“ и браќата Идризи ќе бидат главен фактор во клубот, но сега помогнат од компанија која има намера да влезе и тоа како во клубот со сериозни инвестиции.
Преговорите се при крај, се очекува во наредните денови да завршат. Инаку ако се биде во ред, подготовките ќе започнат што побрзо, со оглед на тоа дека сега во клубот нема играчи приоритет ќе биде да се донесат засилувања. И тоа ќе може да се прави се со 6 септември до кога ќе трае летниот преоден рок.