Тимур Дибиров требаше да остане во Вардар 1961 и во следната сезона. Но, откако ЕХФ и официјално го елиминираше актуелниот македонски првак од Лигата на шампионите за дел од играчите значеше разделба со тимот.
Новите странски засилувања ја прекинаа соработката, бидејќи главна цел беше настап во најсилното европско клупско натпреварување, а од најавениот ростер за следната сезона под знак прашалник се Мартин Томовски и Тимур Дибиров.
Дибиров би можел да го напушти Вардар 1961 после девет години. Рускиот ракометар дојде во 2013 година, прерасна во еден од лидерите во тимот, беше најавено заминување и пред ЕХФ да ја соопшти лошата вест, а откако се договорија со Михајло Михајловски одново беше ставен под знак прашалник неговиот настап во црвено-црниот дрес.ж
Хрватите најавуваат трансфер бомба. По Вуко Борозан и Иван Чупиќ, во редовите на ППД Загреб би можел да дојде и Дибиров. Како што пишуваат веќе има контакти и преговорите траат. Со оглед на тоа дека хрватскиот тим настапува во Лигата на шампионите, колку и да сака да остане Тимур во Вардар, сепак неговите амбиции се поголеми од настап во домашен шампионат.