Ѓоковиќ со благодарам Македонијо: Сакам меч со Калин и посета на Охрид

5373

По освојувањето на Вимблдон, српскиот тениски ад Новак Ѓоковиќ во интервју за „Макфакс“ најави дека наскоро ќе ја посети Македонија, а исто така сака да одигра меч со талентираниот македонски тенисер Калин Ивановски.

„Се надевам дека многу скоро ќе ја посетам Македонија, и тоа ми е во план. Не знам дали тоа ќе биде сега одма, во наредните недели, но во план ми е дефинитивно. Би ги поздравил моите драги браќа и сестри од Македонија. Имам неколку пријатели од Скопје, кои постојано ми праќаат фотографии од Скопје и од Охрид и ми праќаат поддршка. Пред две години зборував и со Претседателот на Македонија да го одиграме Адриа Тур и во Македонија, но, за жал, поради короната сè се заврши како се заврши. Но тоа не значи дека нема да се игра во иднина и во Македонија. Би сакал да играм во Скопје. Сум бил во Македонија како многу малечок, одамна не сум бил и би сакал да одиграм партија тенис со новата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски. Калин е одличен, го гледам, го следам. Високо момче, добро момче, има одлична игра. Ќе го повикам на некои мои тренинзи во Белград, да изградиме некаков однос, за да му помогнам за да се домогне до некои тениски височини. И се надевам дека во тоа ќе успеам. Исто така, мојот чичко многу добро го познава неговиот татко Александар“, изјавил Ѓоковиќ за „Макфакс“.

ПретходноПочнува најголемата фудбалска „војна“: Судот на правдата заседава во случајот „Суперлига“
СледноАдебајор за времето во Арсенал: Аршавин беше луд, на полувреме гледаше порно!