Адебајор за времето во Арсенал: Аршавин беше луд, на полувреме гледаше порно!

2497

Некогашниот голгетер на Арсенал и Манчестер Сити, Емануел Адебајор во интервју откри неколку пикантерии од соблекувалните на тимовите во кои настапуваше во својата кариера. Една од најсочните доаѓа од времето кога беше фудбалер на Арсенал, за кого настапуваше од 2006 до 2009 година. Иако само малку време беше заедно со некогашниот руски репрезентативец Андреј Аршавин, кој во Арсенал дојде неколку месеци пред тој да си замине, сепак, вели дека никогаш нема да ја заборави сцената од соблекувалната за време на полувремето пред некој од премиерлигашките натпревари.

„Играме натпревар, па сите заминуваме на полувреме. Додека влегуваме во соблекувалната, одеднаш слушаме некои звуци од соседната соба каде се масерите и лекарите. Добивме впечаток дека некој има секс. На крај излезе дека таму е Аршавин кој си пуштил порно филм на компјутер. Беше многу смешно“, изјави Адебајор во интервјуто.

ПретходноЃоковиќ со благодарам Македонијо: Сакам меч со Калин и посета на Охрид
СледноШкендија летна за Ерменија: Успешно да се заврши и второто полувреме (ФОТО)