Дали Вимблдон беше последниот настап на Ѓоковиќ за оваа година?

210

Новак Ѓоковиќ би можел да ги пропушти сите преостанати турнири до крајот на годината доколку не му дозволат да игра на УС Опен. Српскиот тенисер по вчерашниот триумф на Вимблдон веќе најави дека ќе направи мала пауза бидејќи му треба одмор. Сепак, таа „мала пауза“ на крајот би можела да се претвори и во преопуштање на преостанатиот дел од тековната сезона, шпекулираат српските медиуми.

Причината за ова лежи во фактот што Ѓоковиќ не е вакциниран (и не планира да се вакцинира) и затоа не може да игра на УС Опен, најважниот турнир за него до крајот на сезоната, додека другите турнири се само пропратен дел од овој последен Грен Слем годинава.

Ѓоковиќ падна на седмото место на АТП листата и може објективно да брка бодови на Мастерсите во Монтреал, Шангај и Париз, додека не може да учествува ниту во Синсинати.

„Да бидам искрен, се сомневам дека ќе бркам бодови“, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по Вимблдон.

„Сè уште не сум разговарал за распоредот со Горан Иванишевиќ. Останува да чекаме вести од Америка, дали ќе се случи или не, се зависи од тоа. Може да се случи да играм само на Лејвер купот и Дејвис купот бидејќи сакам да играм за мојата земја и ќе се обидам да бидам дел од нив. Тоа се големите турнири на кои мислам сега“, изјавил српскиот тенисер.

ПретходноМурињо повторно напаѓа: Вилфред Заха се поблиску до трансфер во Рома?
СледноПочнува најголемата фудбалска „војна“: Судот на правдата заседава во случајот „Суперлига“