Дани Алвес: На Барселона не и е гајле за луѓето кои ја испишаа нејзината историја

268

Поранешниот бек на Барселона Дани Алвес ги критикуваше луѓето кои работат во Барселона велејќи дека воопшто не се грижи за луѓето кои ја испишаа историјата на клубот.

Заминав среќен затоа што се вратив во Барселона. Сонував за ова пет години. Единственото нешто што не ми се допадна е како помина моето заминување. Од моментот кога пристигнав, јасно ставив до знаење дека повеќе не сум 20-годишно момче да правам сè без да се кријам, за што клубот е обвинуван во последните години.

Барселона не се грижи за луѓето кои ја испишаа историјата на клубот. Како навивач на Барселона, посакувам клубот да се однесува поинаку. Не зборувам за себе затоа што мојата ситуација имаше друго сценарио. Му благодарам на Чави и на претседателот што ме вратија назад, меѓутоа Барселона мора да се подобри и надвор од фудбалскиот терен.

Размислувањето е сосема спротивно од она што го изградивме пред неколку години. Се што се случува на теренот е одраз на она што се случува надвор. Навивам Барселона да се врати на врвот, меѓутоа тоа е суперкомплицирано. Фудбалерот е баланс, тоа е колективна игра. И тоа е изоставено таму“, изјави Дани Алвес.

Ветеранот има неколку опции, но се уште тактизира со изборот на новиот клуб. Меѓу нив е Атлетико Параненсе, Сиетл Саундерс, но и Ваљадолид кој е во сопственост на неговиот бразилски колега Роналдо.

ПретходноХрватите најавуваат трансфер „бомба“: Тимур Дибиров преговара со ППД Загреб!
СледноБугарите се невидени плачковци и ја обвинуваат УЕФА дека и прави услуга на Македонија ЃП!!!