Почнува најголемата фудбалска „војна“: Судот на правдата заседава во случајот „Суперлига“

252

Судот на Европската Унија денеска заседава за случајот „Суперлига“ во фудбал, кој крена голема прашина во светскиот фудбал. Судот на правдата во Луксембург од денеска ќе утврдува дали УЕФА има „монополска и доминантна“ позиција во фудбалскиот свет, како што ја обвинија основачите на лигата Јувентус, Барселона и Реал Мадрид.

Прашањето кое се поставува со месеци е дали има ли место во европскиот фудбал за ново паралелно натпреварување, организирано директно од клубовите, или кој и да го прави ова треба да го напушти чадорот на УЕФА? Одговорот веројатно ќе го знаеме до крајот на годината, откако ќе помине Светското првенство во Катар.

Судот на правдата на ЕУ ќе ја разгледа одлуката на шпанскиот судија Мануел Руиз де Лара, која ја оспорија и УЕФА и Ла Лига. 15 судии ќе бидат повикани да ги слушнат и да ги испитаат причините на инволвираните страни: од една страна, трите клуба кои останаа верни на проектот за Суперлигата без да го најават откажувањето од идејата за формирање на Суперлига и од друга страна цела низа лиги и федерации, вклучувајќи ги УЕФА, ЕЦА и голем број влади, кои завојуваа против проектот.

Самите институции на ЕУ се против формурање на Суперлигата и веќе имавме можност да го слушнеме нивниот глас. На 23 ноември, Европскиот парламент усвои резолуција за спортската политика на ЕУ, во која експлицитно се повикува на „европски спортски модел кој ја препознава потребата за силна посветеност, интеграција на принципите на солидарност, одржливост, инклузивност за сите, натпреварување на отворено, спорт заслуги и правда, па затоа е против сепаратистичките натпревари кои ги поткопуваат овие принципи и ја загрозуваат стабилноста на целиот спортски екосистем“.

ПретходноДали Вимблдон беше последниот настап на Ѓоковиќ за оваа година?
СледноЃоковиќ со благодарам Македонијо: Сакам меч со Калин и посета на Охрид