Кулибали се договорил со Челзи за 4-годишен договор вреден 9 милиони евра по сезона

240

Според пишувањето на италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“, Челзи ги договорил личните услови со Калиду Кулибали од Наполи и доставил понуда за играчот.

Минатата недела имало средба меѓу преставници на Челзи и менаџерот на Кулибали, Фали Рамадани на која бил постигнат договор за личните услови од трансферот на Сенегалецот, кој за четиригодишен договор со „сините“ ќе добива по околу 9 милиони евра годишно.

Понудата која е доставена до Наполи е околу 40 милиони евра и е блиску до сумата што ја бара Аурелио де Лаурентис. Извршниот директор на Наполи ќе мора брзо да реагира на оваа понуда, особено што Кулибали сака да игра во Англија и не сака да се пресели во Јувентус.

ПретходноАртета ги изненади сите со изборот за нов капитен на Арсенал
СледноОбјавени детали од новиот голем трансфер на Барселона