Нани ќе игра во Австралија

89

Португалскиот ветеран Нани ја заврши соработката со италијанскиот тим Венеција, и ќе заигра во далечната Австралија. Потпиша договор со тимот на Мелбурн Виктори. Потпиша двегодишен договор, а заминува по само девет одиграни мечеви во Италија. Претходно имаше и авантура во САД, каде што играше за Орландо.

Најдобрите фудбалски денови, овој 35. годишен играч ги имаше во дресот на Манчестер Јунајтед со кого своевремено освојуваше титули и во Премиер лигата и на интернационално ниво.

 

ПретходноФулам донесе фудбалер на Манчестер Јунајтед
СледноРодри верен на Сити до 2027 година