Петров оди кај Алушевски на Исланд

186

Пикерот Костадин Петров од следната сезона ќе игра во екипата на Тор Акурејри од Исланд каде што тренер е Стевче Алушовски. Договорот на 30-годишниот ракометар е на една година со можност автоматски да биде продолжен на уште една.
Петров минатата сезона ја почна во Металург, а ја заврши во Вардар. Ова е трето меѓународно искуство за него по трансферите во Гвадалахара од Шпанија и Универзитет Сучава од Романија.

ПретходноБилетите за мечот Академија Пандев-Лехија по 200 денари
СледноЈувентус ја одби понуда на Баерн од 60 милиони евра за Де Лихт