Алиоски во Трабзон на едногодишна позајмица и ќе заработи 3 милиони евра

1036

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски доаѓа во новиот турски шампион Трабзон, се чека само потврда. Турските медиуми велат дека овој трансфер е завршен и објавуваат и детали.
Левиот бек доаѓа во Трабзон на едногодишна позајмица и ќе потпише договор според кој ќе добие 3 милиони евра и тоа 2,5 милиони загарантирани плус уште половина милион во бонуси.

Неговиот клуб Ал Ахли испадна од шампионатот на Саудиска Арабија па се знаеше дека тој ќе ја менува средината, а турскиот првак презема конкретни чекори за ангажман на македонскиот бек и успеа да го договори.
Трабзон на големо се спрема за идната сезона во која освен што ќе ја брани титулата ќе игра и во ЛШ. Досега ангажираше пет нови фудбалери, а Алиоски би бил шестиот.

ПретходноГо однесе Иран на Мундијалот во Катар, а сега доби отказ
СледноФарах шокираше со признание: Името ми е Хусеин и сум жртва на трговија со луѓе