Менаџерот на англиски Арсенал, Микел Артета го избра Норвежанецот Мартин Одегард за нов капитен на тимот за сезоната 2022/2023.
23-годишниот Одегард ќе ја наследи капитенската лента од Пјер-Емерик Обамејанг, кој веќе настапува за Барселона. Привремено истата ја носеше Александре Лаказет, но и тој го напушти тимот заминувајќи во Олимпик Лион.
Мартин Одегард му се приклучи на Арсенал во јануари 2021 година на позајмица од Реал Мадрид, а подоцна беше и трајно откупен.