Вејн Руни стана тренер на клуб од МЛС

118

По завршување на тренерската авантура во Дерби Каунти, Вејн Руни брзо си најде друга работа. Тој наскоро ќе стане тренер на Ди Си Јунајтед кој се натпреварува во Мејџор Сокер Лигата.
Најдобриот англиски голгетер минатиот месец го напушти Дерби после проблемите во клубот и испаѓањето од Чемпионшип дивизијата, па тој реши да му каже збогум на овој клуб и сега ќе се врати во Ди Си Јунајтед, клубот во кој играше во 2020 година пред да стане тренер. Тој е веќе во Вашингтон и во текот на денешниот ден ќе треба да го комплетира трансферот.
Всушност Руни помина 18 месеци во клубот од МЛС лигата, а извесен период беше и играч и тренер.

ПретходноБрдаровски: Мора да бидеме мудри, Шкупи оди по позитивен резултат!
СледноФулам донесе фудбалер на Манчестер Јунајтед