Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз на Европското првенство Б Дивизија. Избраничките на Јелена Антиќ беа убедливо совладани од Црна Гора со 98-54 која продолжува со перфекцијата на ова натпреварување.
И на оваа средба „црвено-жолтите“ не беа комплетни, Матеа Николиќ и Ана Цветковска, кои се повредија на претходната предба против Хрватска.
Црна Гора брзо го наметна своето темпо, по првата четвртина поведе со 25-15, додека на одморот негативата беше 51-22. Од овој резултат Македонија не успеа да се врати иако ја доби третата четвртина со 21-22. До крајот беше само чиста рутина за противникот.
Елена Тасевска со 14 поени беше прв стрелец, зад беа Наталија Секуловска и Илина Селцова. На другата страна Марија Лековиќ со 21 поен беше најдобра на теренот.