Хрватскиот стручњак Драган Скочиќ доби отказ од селекторската функција на фудбалската репрезентација на Иран и тоа на четири месеци од почетокот на СП во Катар. Скочиќ во февруари дојде на селекторското место во Иран на местото на Марк Вилмотс во февруари 2020 година и им обезбеди на Иранците место на Мундијалот во Катар завршувајќи ја квалификациската група на првото место пред Јужна Кореја.
Хрватот доби 15 од вкупно 18 натпревари со репрезентацијата, но загуби два од последните три меча вклучително и пријателскиот меч со Алжир (2:1) одигран во Катар минатиот месец.
Иран шести пат, а трет пат по ред ќе игра на СП и се наоѓа во групата Б заедно со Англија, Велс и САД.
Низ медиумите кружат информации дека тројца кандидати се за кормилото на Иран. Едниот е актуелниот селектор на Оман Бранко Иванковиќ, човекот кој го предводеше Иран на СП 2006, потоа поранешниот напаѓач на Баерн Минхен и легенда на иранскиот фудбал Али Даеи и некогашниот фудбалер на Осасуна и ирански репрезентативец Џавад Некоунам.