Откако на „мускули“ успеаја да ја поминат првата пречка во квалификациите во Лигата на шампионите, фудбалерите на Шкупи од утре веќе треба да почнат со сериозни анализи на својата игра и настап и во двата меча со Линколн, затоа што веќе за една недела ги чека мега-пресметка во 2. елиминациско коло.
Чаирчани на 19 јули (вторник) ќе му гостуваат на хрватскиот првак Динамо Загреб во првиот од двата меча во втората квалификациска рунда од најсилното европско натпреварување. Тоа ќе биде враќање на Седлоски на „Максимир“, но и дуел на нашите репрезентативци Адеми и Ристовски против македонскиот шампион.
Средбата во Загреб е закажана со почеток од 21 часот.