Италијанскиот кошаркар Алесандро Џентиле доживеа повреда за време на одморот на Палма де Мајорка, пренесуваат италијанските медиуми. Тој се повредил во вилата која ја изнајмил во познатото шпанско летувалиште со тоа што паднал од дрвена тераса висока четири метри која се урнала.
Италијанските медиуми наведуваат дека Џентиле во падот се здобил со скршеници поради што е пренесен во локална болница, од каде ќе биде транспортиран во Неапол каде што ќе биде опериран и ќе паузира подолго време.