Крстевски е нов тренер на ЖКК Бадел 1862

276

Македонскиот кошаркарски шампион ЖКК Бадел 1862 има нов тренер. На чело на стручниот штаб застанува Горан Крстевски – Кичо кој е проверен тренер и има и трофеи во машката младинска и сениорска кошарка.
Тој прв пат ќе работи со женски кошаркарски тим, а доаѓа со помошниците Перо Стамески, Анета Глигорова и Дарко Димитријевиќ.
Шампионките му посакаа добредојде и се надеваат дека со него ќе ја одбранат шампионската титула и ќе бидат поуспешен колектив.

ПретходноФарах шокираше со признание: Името ми е Хусеин и сум жртва на трговија со луѓе
СледноСреќа што на првиот меч беше 3:0: Многу СОПКИ за Шкупи!